Загрижувачките воздушни услови со кои моментално се соочува САД се должат на чадот од шумските пожари во Канада што се шири низ многу делови на источниот брег на Соединетите држави.
Шумските пожари предизвикуваат ослободување на големо количество чад и загадувачки честички во воздухот. Чадот од шумските пожари може да патува на долги растојанија во зависност од ветрот.
Д-р Пурви Парик, доктор на науки, алерголог и имунолог на Универзитетот во Њујорк и национален портпарол одговори на важни прашања за квалитетот на воздухот поради чадот од шумските пожари и здравјето.
Ако вдишувате мали честички чад од шумски пожари, вашите бели дробови може да се иритираат. Ова може да доведе до кашлање, отежнато дишење. Чадот и пепелта од шумските пожари исто така може да ги иритираат очите, носот и грлото. Луѓето со астма, хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и други веќе постоечки состојби се изложени на поголем ризик да почуствуваат симптоми.
Поранливи на чадот од шумските пожари врз здравјето се:
• луѓе со веќе постоечки белодробни или кардиоваскуларни заболувања
• постарите
• децата
• бремени луѓе
• работници на отворено
• луѓе кои живеат во близина на шумските пожари.
Чадот може да биде особено опасен за бремените жени, бидејќи тие имаат намален капацитет на белите дробови поради нивниот стомак. Изложеноста на чад може да предизвика и предвремено породување.
За време на шумски пожари д-р Пурви Парик советуваше да се даде приоритет на здравјето следејќи ги овие совети:
• Останете хидрирани.
• Затворете ги вратете и прозорците.
• Користете филтер за воздух (ХЕПА филтер).
• Користете клима уред во режим на циркулација на воздух.
• Избегнувајте напорни активности на отворено.
• Проветрете го воздухот во вашиот автомобил со помош на клима уредот.
• Ако морате да излезете надвор, чувајте го со себе инхалаторот за астма.
Овие совети можат да помогнат да се намали влијанието на чадот од шумските пожари. Поединците со веќе постоечки здравствени состојби треба да ги следат советите на лекарите и да се осигураат дека имаат доволно лекови.
Лошиот квалитет на воздухот може да биде штетен и за вашите миленици. Животните можат да развијат слични белодробни состојби како и луѓето. За време на периоди на лош квалитет на воздухот, препорачливо е да го ограничите времето што вашите миленици, како што се мачките и кучињата, го поминуваат на отворено и да ги чувате во затворени простории колку што е можно повеќе.
Изложеноста на чад од шумски пожари може да има значителни ефекти врз нашето здравје, предизвикувајќи белодробни и кардиоваскуларни проблеми, како и потенцијални долгорочни последици. Важно е да се биде свесен за ризиците и да се преземат мерки на претпазливост за да се минимизира влијанието на чадот од шумските пожари врз благосостојба на луѓето.