Тренинг за подготовка на План за квалитет на амбиентен воздух
ноември 23, 2023

Првиот од серијата тренинзи предвидени во тренинг планот, на тема: “Подготовка на План за квалитет на амбиентен воздух” се одржа на 16.11.2023 година во просториите на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. На обуката присуствуваа 29 учесници, од кои 17 жени и 13 мажи, од вкупно пријавени 30 лица, претставници од општина Кавадарци, општина Струга, општина Куманово, општина Гостивар и општина Струмица, Министерство за животна средина и просторно планирање, Програма за развој на Обединетите Нации, Институт за социолошки, политички и правни истражувања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје и Универзитет Гоце Делчев. Модератор и организатор на настанот е Центарот за климатски промени.

Работниот дел од тренингот се осврна на презентации за законската регулатива за подготовка на План за квалитет на амбиентен воздух и обврските на општините, како и насоки за подготовка на инвентар за емисии на загадувачки супстанци во воздухот како составен дел на Планот за квалитет на амбиентен воздух и идентификување (пропорционирање) на изворите на загадување на воздухот. За прв пат се вклучи и родовиот аспект во креирањето на плановите за квалитет на амбиентен воздух.

Повеќе информации од тренингот може да најдете овде

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат
април 23, 2026
До чист воздух со правилно управување со отпадот