Во утринската програма на телевизија Телма, гостуваа ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски и Александра Димова Манчевска, проектна менаџерка од УНДП. Темата беше квалитетот на воздухот во училиштата и градинките во државата.
Во дискусијата беше нагласено дека квалитетот на воздухот во училиштата и градинките во однос на PM 2,5 честичките е над дозволените граници, што повикува на итни мерки за подобрување на условите за работа на учениците и наставниците. Гостите истакнаа кои мерки треба да се применат за да се намалат концентрациите на овие честички во училниците.
Дискусијата се разви и околу клучните извори на загадување на воздухот во Скопје, Струмица, Струга, Куманово, Кавадарци и Гостивар.
Погледнете ја целата емисија за повеќе детали околу изворите и решенија за подобрен квалитет на воздухот, но и нивното значење за заедниците.
Ова гостување се организираше во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица.
Овој проект е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска. Во рамки на Програмата исто така се спроведува и проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.