Регионална конференција: Во борбата со загадениот воздух соработката е од големо значење
февруари 20, 2024

Проектот EU4Green, имплементиран од Австриската агенција за животна средина, одржа регионална работилница за локални мерки за подобрување на квалитетот на воздухот на 31 јануари и 1 февруари 2024 година во Сараево. Меѓу учесниците беа: Министерствата за заштита на животната средина на Србија и на Северна Македонија, Федералното Министерство за животна средина и туризам (БИХ), Хидрометеоролошкиот институт на РС, Светска банка, како и претставници од УНДП Македонија и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

                                                                                   EU4Green

Дводневната работилница посебно се осврна на индивидуалните извори на греење на локално ниво, фокусирајќи се на плановите за управување со квалитетот на воздухот и можностите за финансирање за промена на изворите на енергија во домаќинствата и согорувањето на земјоделскиот отпад.

Александра Димова Манчевска, проектен менаџер од УНДП Македонија, го презентираше проектот ‚‚Справување со загадувањето на воздухот во Скопје‘‘, кој УНДП го работи во Македонија токму во делот на справувањето со загадениот воздух. Димова Манчевска ги презентираше преземените конкретни мерки за справување со загадениот воздух во Скопје во склоп на проектот, кои вклучуваат подобрување на енергетската ефикасност на домовите и замена на старите грејни тела и шпорети со нови во над 120 домаќинства во населбата Лисиче.

Проф. д-р Дејан Мираковски, од Универзитетот „Гоце Делчев“, ја презентираше студијата за следење на изворите на загадување во Скопје. Примарната цел на студијата е да се добијат информации за изворите на загадување и степенот до кој тие придонесуваат за нивоата на загадување на амбиенталниот воздух, како суштинска алатка во дизајнирањето на политики за квалитет на воздухот. Студијата покажала дека согорувањето на биомаса продолжува да биде најголемиот извор на загадување на амбиенталниот воздух и најверојатно тоа е примарна причина за екстремно загадување во текот на зимата.

                             EU4Green

Еден од водечките европски експерти за квалитет на воздухот од Австриската агенција за животна средина, Кристијан Нагл, изјави: „Емисиите за кои разговаравме, од греењето на домаќинствата и согорувањето на земјоделскиот отпад, се навистина значаен проблем во контекст на загадувањето на воздухот во целиот Западен Балкан. Затоа, важно е да се воспостави добра координација и соработка помеѓу различни нивоа на власт, и хоризонтално и вертикално, и да се има добра комуникација и соработка помеѓу економиите во регионот и на ниво на градот. Задоволни сме што како агенција можеме да понудиме многу релевантни знаења и искуства, примери на добри практики и успешни модели, кои можат да бидат од голема корист за локално и национално ниво во регионот за подобрување на квалитетот на воздухот. Спроведувањето мерки е исто така од суштинско значење за исполнување на целите на Зелената агенда за Западен Балкан“.

ШТО Е EU4GREEN?

Проектот EU4Green гo поддржува Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија – во спроведувањето на „Зелената агенда за Западен Балкан“, зазеленување на нивните економии во консултација со сите релевантни партнери и подобрување на мониторингот и известувањето.

EU4Green во регионот ќе придонесе за транзиција кон кружна економија, следење и намалување на загадувачите во воздухот, водата и почвата, правејќи го земјоделството поодржливо и отпорно на климата, помагајќи во зачувувањето на биолошката разновидност, обезбедување ад хок поддршка на политиката на високо ниво, зајакнување на мониторингот и известување за Зелената агенда, подобрување на разбирањето на Зелената агенда преку комуникациски активности, унапредување на зеленото образование, вклучување на граѓанското општество и други засегнати страни и промовирање на финансирањето на зелената транзиција.

 

Погледнете ја агендата и презентациите на нашите учесници:

Други содржини кои можеби ќе те интересираат