Кавадарци ќе добие модерна обиколница која ќе „избрка“ илјадници камиони од градот
август 19, 2024

Информацијата за изградбата на обиколницата веќе денеска ќе биде доставена до Владата, а ЈПДП ќе добие задача да ја изготви проектната документација, а финансирањето од неколку милиони евра да биде од државниот буџет.

Изградбата на обиколницата е повеќе од потребна, бидејќи освен локално, таа ќе има и регионално значење. Обиколницата, според првичните проектни задачи што ги имаме на општинско ниво, ќе биде околу 14 километри. Почнува после Неготино и завршува со регионалниот патен правец кој се врзува за Мајден, каде што имаме потпишано Меморандум со Грција и заедно со тамошните министерства за изградба на граничниот премин. Така што, оваа, обиколница ќе добие и порегионално значење и функционалност за самиот граничен премин, истакна кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Сообраќајниот метеж во градското јадро Кавадарци ќе го решава со изградба на модерна обиколница со должина од 14 километри. Со овој проект, што вчера во Кавадарци беше најавен во присуство на министерот за транспорт, Александар Николоски, и директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски, ќе ги тргне од градските улици илјадниците камиони и тешки товарни возила кои секојдневно поминуваат.

Информацијата за изградбата на обиколницата веќе денеска ќе биде доставена до Владата, а ЈПДП ќе добие задача да ја изготви проектната документација, а финансирањето од неколку милиони евра да биде од државниот буџет.

Не би сакал да давам рокови, но она што можам да го кажам е дека ќе направиме сè, во текот на овој прв мандат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, оваа обиколница да се заврши – рече Николоски.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, подвлече дека тие се втора општина по територија во нашата земја со ниска невработеност од само 2 процента, но е и втора општина во учеството на БДП во делот на приходите на државата, што укажува на една многу голема индустриска раздвиженост.

Изградбата на обиколницата е повеќе од потребна, бидејќи освен локално, таа ќе има и регионално значење. Обиколницата, според првичните проектни задачи кои што ги имаме на општинско ниво, ќе биде околу 14 километри. Почнува после Неготино и завршува со регионалниот патен правец кој се врзува за Мајден, каде што имаме потпишано Меморандум со Грција и заедно со тамошните министерства за изградба на граничниот премин. Така што, оваа, обиколница ќе добие и порегионално значење и функционалност за самиот граничен премин – истакна Јанчев.

Трајановски смета дека вакви обиколници, час поскоро треба да се изградат околу сите општини.

Ја поздравувам иницијативата на градоначалникот Јанчев и вакви обиколници треба да имаат во повеќе  градови. Апсурд е низ центарот на градот да поминуваат регионални патишта, а Кавадарци е еден од поиндустриските градови и со изградбата на обиколницата сообраќајот на товарни и други возила ќе се растовари и ќе се добијат подобри услови за живот на граѓаните, а ќе се овозможи и поголем развој на општината затоа што знаеме дека околу обиколниците се градат стопански и станбени објекти согласно со деталните планови на општината – изјави Трајановски.

Од состанокот произлезе предлог да се формира работна група со претставници од Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и општината Кавадарци која ќе ја дефинира трасата на обиколницата.

Освен увидот во дигиталната презентација на обиколницата, министерот Николоски и директорот Трајановски, извршија увид и во финишот од градежните работи на улицата „Ѓорѓи Соколов“.

 

Избор

Други содржини кои можеби ќе те интересираат