Развиените држави се виновни за смртта на милиони луѓе поради загадување во неразвиените држави
јануари 27, 2022

Единаесет од најголемите економии во светот предизвикале повеќе од половина од предвремените смртни случаи во други држави, главно сиромашни. Ова е заклучок на студија која е објавена неодамна.

Согорувањето на фосилните горива од најбогатите држави во светот и навиките за потрошувачка на нивните граѓани се причина за прекумерни смртни случаи во светот. Најголем дел од проблемите доаѓаат од загадувањето со ситните честички, вели  студијата.

Најголем дел од смртните случаи се во земјите во развој, а ова ги зголемува дополнително еколошките нееднаквости меѓу богатите и сиромашните земји.

Новите откритија дојдоа во време кога светските лидери се состануваа во Глазгов, Шкотска на самитот КОП26  во обид да се борат против климатските промени.

Загадувањето со ситни честички е опасно кога се вдишува и се разликува од стакленичките гасови кои ја загреваат планетата, а исто така доаѓаат од согорување на јаглен, нафта и гас.

4-million-people-die-prematurely-from-particulate-pollution

Околу 4 милиони луѓе умираат предвремено од загадување со честички секоја година. Студијата сугерира дека два милиони од овие случаи се поврзани со економиите на 20те најразвиени држави.

„Нашите калкулации се дека прераните смртни случаи како резултат на ПМ 2.5 се случуваат поради ланецот на набавки на производи кои ги бараат потрошувачите во развиените држави, вели Кеисуке Нансаи, главен автор на студијата и истражувач во Националниот институт за еколошки студии во Јапонија.

На пример, кошула купена во САД има емисија на штетни материи во околината на многу други држави. Памукот веројатно е произведен во Индија и пратен во Кина од него да се направи облека. Енергијата која се користи да се транспортира и произведе облека од тој памук веројатно доаѓа од нафта, која веројатно доаѓа од Саудиска Арабија. Во таа производствена рута многу штетни емисии се ослободуваат во атмосферата на сите тие држави.  

Други содржини кои можеби ќе те интересираат