Професорка по англиски јазик креирала акција за почиста животна средина насловена „Мети си го класнето“
јануари 27, 2022

Забележани е се поголеми проблеми со животната средина. Како последица на тоа имаме појава на огромно загадување на истата таа природа која ни е многу потребна. Но, што се случува кога ќе споиме активизам и грижа за природата?

Марија Магдалена Петковска Микаровска, професорка по англиски јазик во средното медицинско училиште во Битола презеде огромен чекор кој има големо значење за околината.

Имено, таа ја создаде акцијата „Мети си со класнето” во која учествуваат ученици и помагаат да се направи подобро утре.

„Кога почнавме пред три години беше само акции за чистење на терен и правење еден ефект на пред и потоа, како црвен аларм за потребите на нашата заедница. Нам ни беше доволно да го собереме ѓубрето кое беше насекаде околу нас и во тој период веројатно тоа беше единственото нешто што знаевме да го направиме за подигнување на свеста. Како поминуваше времето, еволуиравме и почнавме соработка со многу различни организации, поединци и субјекти. Научивме дека може да дејствуваме и на други начини. Правиме работилници за едукација, се обидуваме да делуваме врз најмладите генерации во потребата од грижа за средината како индивидуи, а потоа како колектив. Последната година успешно соработуваме со Лоесје Битола со чиј посебен начин на пишување креативни постери, учениците создаваат креативни пораки кои безвременски потсеќаат на нашите општествени пропусти. “ ,вели Марија Магдалена.

На овие акции може да се приклучи секој добронамерник кој смета дека се пронаоѓа во оваа мисија и визија. Веќе има многу млади кои безуморно волонтираат и се грижат за природата во Битола.

„Доколку ги прашате најмалите членови на „Мети си со класнето“ ќе ви речат – да ја исчистиме планетата. Но, најреалната цел според мене е да почне да ни смета ѓубрето и да реагираме на него. Кога тоа ќе почне да ни смета и надвор од прагот на нашиот дом, да почнеме да реагираме со проактивност, а тоа е самостојно делување, пријавување во надлежните институции, брзи реакции од институциите и казни за несовесните валкачи. После три години работа на терен ние утврдуваме дека во процесот на нечиста околина сите сме виновници, бидејќи е еден циркулаторен проблем во кој за оној што прави неред нема казна, ако пријавиш институциите не се навремени во реагирањето.Постојат деца кои немаат навики да бидат дел од позитивно делување во заедницата и сè тоа станува еден круг на проблеми без решенија. И да, уште една цел и конечно во овој т.н. развиен свет да започне да биде нормално чистењето, наместо валкањето и да се реагира на вистински начин наместо да се критикува по социјалните мрежи.”

Но, овие млади активисти предводени од нивната наставничка не запираат само тука, тие планираат уште добронамерни акции и вон доменот на екологијата.

„Следните акции ни се поврзани со екологијата и уметноста во едно, како и посветување на целите за одржливост со еден проект на кој подолго време работиме и треба да излезе на виделина. Тоа е „Дотерај се со класнето“, платформа која е наменета за донирање на алишта од страна на наши граѓани и продавање на истите по пристапни цени. Крајната цел е половина од профитот да оди за помош за школарина или курсеви за студенти од ранливи категории и ослободување на домовите од гардеробата која некому повеќе не му треба, а некому му е неопходна.”, вели таа за гоце.мк.

 

Тука се добредојдени сите што сакаат да помогнат за подобро утре. Некој со волонтирање, друг со донирање.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат