Азбестот – скриен убиец на човекот и на природата
октомври 6, 2024

Зборот азбест значи ,,несогорлив, неуништлив” и се однесува на група силикатни минерали што се појавуваат во природата. Најинтензивно се користел по Втората светска војна, во следните три до четири децении. Со регистрирањето на штетните ефекти на азбестот врз здравјето на луѓето, неговата примена драстично е намалена во осумдесеттите години на минатиот век. ЕУ го забрани азбестот во 2005 година, додека САД во 2024 година објавија сеопфатна забрана за азбестот

Меѓународната агенција за истражување на ракот го класифицираше азбестот во група 1- сигурно канцероген за човекот. Азбестот се нарекува и „прикриен убиец“ затоа што латентниот период од изложувањето до настанувањето на болеста (најчесто ракот) е долг период од 15 до 50 години. Кај нас, болестите,  како што се азбестозата, белодробниот карцином, мезотелиомот и плевралните болести, се вклучени во листата на професионални болести од 2004 година.

Мезотелиом е малигно заболување на плеврата, кој настанува како резултат на подолга изложеност на азбест. Од мезотелиом на плеврата кај нас годишно заболуваат од 6 до 10 лица. Кај овој вид малигно заболување, преживувањето се мери со месеци, за разлика од белодробниот карцином, каде што преживувањето се мери со години, вели проф. д-р Јордан Минов, пулмолог.

Податоци за здравствената состојба на лицата што биле изложени на азбест мора да има овластена здравствена установа по медицина на труд, која ги спроведува лекарските прегледи и има поединечно здравствено досие за секој работник, велат од Македонското здружение за заштита при работа.

                                                                         Дипломиран инженер Маја Лосковска

Практично, таа установа може  да направи анализа за тоа на колку лица изложени на азбест им се случила некаква болест – ни открива експертот за безбедност и здравје при работа, дипл. инж. Маја Лосковска и додава дека работодавачот треба да обезбеди лекарски преглед, обука за БЗР, лична заштитна опрема и безбедни работни услови за  работниците пред да почнат со работа, што на терен не е така. Работодавачот најчесто прво ги праќа работниците на терен со работни обврски, па потоа ги спроведува законските барања. Има случаи каде што работникот, сам на свој трошок, си ја купува и избира личната заштитна опрема, што не е во согласност со Законот за безбедност и здравје при работа, објаснува Лосковска.

АЗБЕСТОТ СТАНУВА ОПАСЕН КОГА ГОРИ И СЕ ОБРАБОТУВА

                              Министерство за животна средина и просторно планирање, фото: Љ.Ј.Ивановска

Зборот азбест значи „несогорлив, неуништлив“ и се однесува на група силикатни минерали што се појавуваат во природата. Минералите на азбестот имаат многу карактеристични својства, како што се висока цврстина при истегнувањето, еластичност, топлотна и хемиска резистентност. Во светот почнал да се употребува кон крајот на 19 век. Најинтензивно се користел по Втората светска војна, во следните три до четири децении. Со регистрирањето на штетните ефекти на азбестот врз здравјето на луѓето, неговата примена драстично е намалена во осумдесеттите години на минатиот век. ЕУ го забрани азбестот во 2005 година, додека САД во оваа 2024 година објавија сеопфатна забрана за азбестот, затоа што Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) утврдила дека канцерогената супстанција сѐ уште се користи во некои белила со хлор, плочки за сопирачки и друго, и секоја година убива десетици илјади Американци.

Република Северна Македонија го има ставено азбестот на листата на забранети хемикалии уште од 2014 година. Со оглед на тоа дека во минатото е мошне употребуван во градежништвото и при изградбата на инфраструктурни објекти, тој сѐ уште се наоѓа во одредени градби“, велат од Министерството за животна средина.

                                                              Проф. д-р Виктор Стефов, приватна архива

Проф. д-р Виктор Стефов од Институтот за хемија при ПМФ вели дека азбестот станува опасен за здравјето на луѓето и животната средина, кога материјалите што содржат азбест се оштетени или разнесени, тие можат да ослободат влакненца од азбест во воздухот. Овие влакненца може да бидат вдишани и постои можност да имаат негативно влијание врз здравјето на луѓето.

Од Институтот за јавно здравје истакнуваат дека, иако најчесто се работи за професионални изложености и заболувања, тоа не значи дека ИЈЗ не ја следи состојбата при ситуации кога постои потенцијална можност за амбиентално изложување на азбест на населението. Тоа најчесто се случува при пожари на објекти, главно постари, при уривање на стари објекти за изградба на нови или нивно реновирање. Мора да се потенцира дека доколку таблите, ќерамидите и водоводните цевки што содржат азбест се цели, недопрени и неоштетени, тие претставуваат многу мал ризик.

                                                                   Проф. д-р Мирјана Димовска, Приватна архива

За да наста нат штетни ефекти врз здравјето, потребна е поголема концентрација на азбестни влакна во воздухот, но и подолготрајна изложеност на нив (не се работи за минути или часови на изложеност како што е случајот со пожарите). Затоа, во такви случаи, акцентот треба да се стави врз заштитата на градежните работници и особено на пожарникарите, но се разбира и на оние што се први во случај на несреќи или инциденти, како што се и медицинскиот персонал или полицијата – вели проф. д-р Мирјана Димовска од ИЈЗ.

Последен пат, скопјани беа во сериозна опасност поради азбестот пред две години. Во пожарот на поранешната фабрика „Треска“ изгореа десетици илјади квадрати азбестни покриви, кои се наоѓаа на објектите на фабриката стари педесет години.

Со оглед на големината/висината на облакот од пожарот, полн со азбестни честички, немам сомнение дека многу граѓани го вдишале и можно е по извесен период да имаат последици поради тоа, а нема да знаат од што е тоа – истакнува проф. д-р Стефов.

                         Азбестни влакна на одреден материјал видени под микроскоп, фото: проф. д-р Виктор Стефов

Мапирањето, односно идентификацијата на материјалите и производите што содржат азбест во Македонија, законски е регулирано со Правилникот за минимални барања за безбедност на вработените од ризиците поврзани со изложување на азбест при работа од 2009 година, но резултатите од оваа активност не се на задоволително ниво поради проблемите во собирањето и обработката на потребните податоци од различните одговорни институции, потенцираат од  МЖСППТоа го потврдуваат и од Македонското здружение за заштита при работа и додаваат дека одредбите од овој правилник се применуваат за активностите каде што вработените се изложени или може да бидат изложени на азбестна прашина или материјали што содржат азбест во текот на нивната работа.

Единственото место во земјава каде што се одложува азбестниот отпад е депонијата Дрисла. Во близина на влезот на депонијата за комунален отпад изградена е парцела, во која се ископани три ровови со должина од 25 метри, ширина 5 метри и длабочина 3 метри.

Последен пат, скопјани беа во сериозна опасност поради азбестот пред две години. Во пожарот на поранешната фабрика „Треска“ изгореа десетици илјади квадрати азбестни покриви, кои се наоѓаа на објектите на фабриката стари педесет години.

Со оглед на големината/висината на облакот од пожарот, полн со азбестни честички, немам сомнение дека многу граѓани го вдишале и можно е по извесен период да имаат последици поради тоа, а нема да знаат од што е тоа – истакнува проф. д-р Стефов.

Мапирањето, односно идентификацијата на материјалите и производите што содржат азбест во Македонија, законски е регулирано со Правилникот за минимални барања за безбедност на вработените од ризиците поврзани со изложување на азбест при работа од 2009 година, но резултатите од оваа активност не се на задоволително ниво поради проблемите во собирањето и обработката на потребните податоци од различните одговорни институции, потенцираат од  МЖСППТоа го потврдуваат и од Македонското здружение за заштита при работа и додаваат дека одредбите од овој правилник се применуваат за активностите каде што вработените се изложени или може да бидат изложени на азбестна прашина или материјали што содржат азбест во текот на нивната работа.

Единственото место во земјава каде што се одложува азбестниот отпад е депонијата Дрисла. Во близина на влезот на депонијата за комунален отпад изградена е парцела, во која се ископани три ровови со должина од 25 метри, ширина 5 метри и длабочина 3 метри.

                                                                     Фото: ЈП депонија Дрисла

Во овие ровови се депонира отпадот што содржи азбестни компоненти. Капацитетот на депонијата е 1.000 квадратни метри депониран азбест и е целосно искористен, но во тек е постапка за изградба на нов ров со капацитет од 600 квадратни метри, велат од ЈП и додаваат дека кога отпадот од азбест се депонира во соодветни ровови изградени за таа намена и ќе се прекрие со земјен материјал, отпадот комплетно се изолира од природните медиуми и не претставува  опасност за животната средина.

ЕДЕН ДЕН АЗБЕСТОТ ЌЕ МОРА ДА БИДЕ ВРВЕН ПРИОРИТЕТ

Според д-р Александар Митов, магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето, главниот проблем со опасностите од азбестот е дека не се препознаени во нашето општество или едноставно граѓаните не се информирани воопшто на оваа тема:

Заштитата може да следува само како логичен след на високата свест за присуството на проблемот. Постои еден општ замор од совети за здравјето, па дури и ваква сериозна опасност како што е азбестот, се потценува и се негира. Оттука сметам дека многу енергија треба да се вложи во едукацијата на населението за азбестот.

                                                           Проф. д-р Александар Митов, приватна архива

Сликата не е ништо поразлична ниту кај работниците.

Моето досегашно искуство од терен е дека свеста кај работниците за опасностите од експозицијата на азбестот е на многу ниско ниво. Причината е недоволната информираност за опасностите и ризиците со кои ќе се сретнат на работното место – вели Лосковскаи им препорачува на работниците редовно да ги вршат лекарските прегледи, задолжително да ги посетуваат обуките за безбедност и здравје при работа, да ги почитуваат и имплементираат ситепрепораки, известувања, означени опасности и ризици, како и штетности за секое работно место, да ја користат пропишаната лична заштитна опрема на своето работно место итн.

Според ИЈЗ, најдобар пристап и превенција, односно елиминација на болестите поврзани со азбест е примената на принципот на внимателност на СЗО, односно целосна елиминација на азбестот од градежните материјали, правилна диспозиција на историските резерви на материјали што содржат азбест и замена на А/С водоводни цевки со понови материјали.

                                                          Фото: ЈП депонија Дрисла

Моите препораки се што е можно поскоро надлежните институции да се ангажираат за систематско решавање на овој огромен проблем, за почеток мапирање, па потоа план за постепено отстранување со утврдени приоритетни објекти. Колку повеќе се одложува, толку повеќе проблемот ќе расте, а и цената што сите ќе ја платиме (здравствена и материјална) ќе биде поголема, потенцира проф. д-р Стефов.

За таа цел, Македонија може и мора да побара помош од соодветните институции на ЕУ, која, патем, лани во октомври донесе нов закон, со кој за десетпати се намалува граничната вредност на азбестните влакна на кубен сантиметар (од 0,1 на 0,01), со цел да се намали изложеноста на азбестни влакна на најниско можно ниво, а по шест години, земјите-членки ќе мора да се префрлат на помодерна и чувствителна технологија што може да детектира азбестни влакна.

Автори: Маја Терзиова, Стефан Атанасовски-Трајковиќ и Љубица Јаневска-Ивановска

Оваа тематска сторија е подготвена преку Здружението на новинарите на Македонија, а во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица. Овој проект е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од страна на Шведска.Ставовите изразени во оваа тематска сторија се на авторите и не секогаш ги одразуваат гледиштата на УНДП, Шведска како донатор и на другите партнери во проектот.

 

Преземено од ЗНМ оригиналниот текст може да се најде на следниот линк.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат