Како да се намали ризикот од загаден воздух во затворените простории?
ноември 11, 2021

Загаденииот воздух е сериозен проблем на денешницата, но често пати, кога се зборува за овој проблем, се мисли пред сè на воздухот надвор од нашите домови. Луѓето поретко размислуваат за своите домови или канцелариите во кои работат, а токму во тие затворени простории поминуваат многу време, посебно во зима, па затоа е важно да се посвети внимание на квалитетот на воздухот и во овие простории.

Како можеме да се погрижиме воздухот во нашите домови и канцеларии да е почист? Еве неколку примери како најмногу се загадува воздухот во затворените простории и совети во таа насока.

Чад од цигари

Чадот од цигарите е еден од најчестите загадувачи во затворен простор.

Веројатно знаете за опасностите од пушењето и нема потреба да ви кажуваме за тоа. Сепак, важно е да се напомене дека кога пушите, чадот се ослободува во воздухот, а луѓето околу вас можат да го вдишат. Откако ќе завршите со пушењето цигара, чадот може да остане во просторијата со часови и може дури и да се шири од соба во соба. 

Честичките и преостанатиот гас од чадот од цигарите можат да бидат навистина опасни по здравјето на луѓето, особено ако собите имаат многу теписи или ткаенина.

Ризикот е уште поголем за луѓето кои имаат хронични проблеми со белите дробови и срцето, како и децата, кои имаат поголеми шанси да развијат проблеми со дишењето, астма и други алергии. 

Ако мислите дека со подотворање на прозорецот ќе се ослободите од чадот, се лажете. Чадот може да се разнесе внатре и да се залепи на мекиот мебел или слични површини. Најдобриот пристап што можете да го преземете е да имате дом без чад.

Boys,Playing,With,Digital,Tablet,And,Wearing,Protective,Face,Mask

Средства за чистење во домаќинството

Друга честа причина за загадување во затворен простор се средствата за чистење во домаќинството. Вашата кожа, уста, нос и бели дробови може да бидат иритирани од суровите хемикалии во средствата за чистење. Луѓето кои имаат хронични заболувања на белите дробови тешко се лекуваат од инфекции, поради испарувањата од средствата за чистење.

Размислете за користење на предмети кои се помалку загадувачки. На пример, сода бикарбона делува одлично за мириси и дамки и не е абразивна. Белиот оцет може да помогне и при некои други чистења, како што се оставање на прозорците без ленти и отстранување бигор од туш глави и котлиња.

Имајте на ум дека многу компании користат зборови како „еколошки“, „природно“ и „зелено“, иако не постои регулатива за нивната употреба.

Кога избирате производ за чистење, можете да направите две едноставни работи. Секогаш избирајте производи со низок мирис или без мирис и изберете крема за чистење наместо средства за чистење со спреј. Помалку е веројатно производот да има реактивна хемија, ако содржи помалку мирис.

Отварајте ги вашите прозорци

Најлесен начин да ги отстраните загадувачките честички во воздухот во вашиот дом е редовно да ги отворате прозорците. За да се промовира здрав воздух во затворените простории, адекватната вентилација е клучниот услов. Кога влажноста е висока во зима, особено е важно да ги отворите прозорците, без разлика колку сакате да ги држите затворени.

Кога ги отворате прозорците, треба да размислите во кој период од денот ќе ги отворите. На пример, треба да ги држите прозорците затворени во време на најголемата фрекфенција на сообраќај, ако живеете во близина на прометниот пат.

Често чистете со правосмукалка

За да ги отстраните загадувачките честички, погрижете се често да чистите со правосмукалка. Доколку имате домашни миленичиња, ова е особено важно, бидејќи тие можат да го дополнат загадувањето на воздухот во вашиот дом. На мачките и кучињата им паѓаат влакната и додека некои од нив го прават тоа двапати годишно, некои од нив го прават тоа постојано.

Погрижете се да проветрувате додека украсувате или бојадисувате

Кога чистите, украсувате или сликате, одржувајте ја просторијата добро проветрена. Секојдневните производи, како аеросоли и бои, содржат хемикалии и тие можат да испуштаат VOCs или испарливи органски соединенија. Откако ќе завршите со украсувањето и бојадисувањето, треба да почекате бојата да се исуши пред повторно да ја користите просторијата, за мирисите да стивнат и ослабат.

Високите нивоа на испарливи органски соединенија може да предизвикаат иритација на грлото, носот и очите, како и гадење и главоболки. Долгорочните ефекти се уште полоши и се состојат од оштетување на централниот нервен систем, бубрезите и црниот дроб.

Печките на дрва носат големи ризици

Една студија спроведена од страна на Универзитетот од Шефилд заклучи дека затворените печки на дрво испуштаат штетни гасови во нашите домови. Истражувачите ги следеле нивоата на штетни честички во период од четири недели со инсталирање сензори за квалитет на воздухот во домовите на луѓето кои поседувале горилници за дрва.

Кога печките се користеле редовно, околу четири часа на ден, нивото на штетни честички pm2,5 и pm1 биле три пати повисоки од нивоата забележани кога печките не се користат.

Ако веќе поседувате шпорет на дрва, проверете дали сте користеле целосно сушено и необработено дрво. Некои видови гориво, како што се домашниот јаглен и влажните трупци, произведуваат многу повеќе честички од горивата без чад со ниска содржина на сулфур и сувите трупци. Еден совет за тоа како да избегнете јаглеродниот моноксид да се спушта низ оџакот е да се погрижите каналот за чад да остане на вистинската температура, со тоа што ќе го одржувате огнот константен.

 

Извор: Air Care Blog (комерцијален текст)

Други содржини кои можеби ќе те интересираат