Загадувањето на воздухот се смета за најголема еколошка закана, што доведува до 7 милиони смртни случаи годишно и други респираторни проблеми како што се астма и рак на белите дробови. Изложеноста на PM2.5 го зголемува и ризикот од заразување со КОВИД-19 и од добивање на потешки симптоми .
Според студијата спроведена од IQAir, швајцарска технолошка компанија за загадување која го следи квалитетот на воздухот, Бангладеш се смета за најзагадената земја, додека Њу Делхи, Индија, е најзагадениот главен град во светот.
Фактори кои влијаат на загадувањето на воздухот во САД се шумските пожари и зависноста од фосилните горива, се вели во извештајот за квалитетот на воздухот. Во САД, градот со најголемо загадување е Лос Анџелес.
Заедниците со пониски приходи се оние кои трпат најмногу оптоварувања од загадувањето на воздухот, се вели во резимето на извештајот на IQAir.
Топ 10 земји со најзагаден воздух се:
- Бангладеш
- Чад
- Пакистан
- Таџикистан
- Индија
- Оман
- Киргистан
- Бахреин
- Ирак
- Непал
Додека пак , топ 10 земји кои се сметаат дека го имаат најчистиот воздух се:
- Нова Каледонија
- Американски Девствени Острови
- Порторико
- Кејп Верде
- Саба
- Финска
- Гренада
- Бахамите
- Австралија
- Естонија