Како енергетски ефикасните домови можат да го подобрат квалитетот на воздухот
април 16, 2021

Заедно со Шведската агенција за развој и соработка – SIDA (Embassy of Sweden in Skopje), УНДП во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање и Град Скопје работи кон зголемување на енергетската ефиканост на барем 100 домаќинства, како дел од проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“ вреден 2 милиони долари.

Градот Скопје има еден од најлошите проблеми со загадувањето на воздухот во Европа, со енергетски неефикасни домаќинства кои се потпираат на согорување на дрва и други горива за греење се најголем придонесувач за лошиот квалитет на воздухот. Проблемот е особено изразен во населбата Лисиче каде повеќето жители живеат во енергетски неефикасни домови загреани од застарени и загадувачки технологии.

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), објави повик за избор на домаќинства во Населба Лисиче кои ќе бидат поддржани со грант во висина до 10.000 американски долари, во денарска противвредност, со цел да воведат мерки за зголемување на енергетска ефикасност на своите домови и на таков начин да се придонесе кон намалување на загадувањето на воздухот. Финансиската поддршка за воведување на овие мерки е обезбедена од страна на Владата на Шведска преку проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“.

По внимтелно спроведениот повик и направените анализи, се спроведе и енергетска ревизија на првите 60 домаќинства кои влегоа во последната фаза за потенцијални добитници на грант.

 

За спроведениот повик прочитајте повеќе на следниот линк.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат