Целта на ова истражување е да се направи анализа на три целни групи:
- Граѓаните на Лисиче;
- Граѓански организации кои работат во областа на аерозагадувањето (национален опфат);
- Трговци на мало и големо што продаваат уреди за греење (национален опфат).
Од податоците може да се заклучи дека жителите на населбата Лисиче, заради нискиот стандард се исклучително под влијание на факторот цена на инвестиција и финансиските поволности и услови се единствено важни при изборот дали и во што да се вложи. Граѓаните сметаат дека нафтата и јагленот се најголеми загадувачи и како енергенси најмногу придонесуваат во загадувањето на воздухот. Како енергенс кој најмалку загадува се сметаат пелетите за кој 46% од испитаниците рекле воопшто или малку влијаат на загадувањето.