ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА ГОСТИВАР за период 2022-2026
ноември 6, 2025

 

Мерките за заштита на животната средина се јавен интерес за граѓаните на Република Северна Македонија. Обезбедувањето на оптимален квалитет на воздухот е клучен предизвик во услови кога е евидентно загадувањето на воздухот и измерени концентрации на загадувачки супстанции кои ги надминуваат дозволените гранични вредности.

Општина Гостивар преку Секторот за заштита на животната средина презема и планира мерки со цел намалување на загадувањето. Сите политики искажани во Планот за чист воздух на Општина Гостивар имаат крајна цел: општината Гостивар и граѓаните на општината да имаат директна контрола врз квалитетот на воздухот, опремата, финансиските средства и целосни законски надлежности за намалување и контролирање на загадувањето на воздухот.

Инвентарот на емисии од загадувачки супстанции во Општина Гостивар ги дефинира производните индустрии и резиденцијалните објекти како најголеми извори на загадувањето на воздухот.

Aнализата за определување на уделот на различните извори на загадување во концентрациите на суспендирани честички во Општина Гостивар прикажува дека минералната прашина има најголем релативен годишен придонес во PM2,5 честиците со 28%. Втор најголем удел има согорувањето на биомасата со 26%, додека сообраќајот и секундарните аеросоли имаат удел од 18% во релативниот годишен придонес.

Планот содржи 18 мерки кои се предвидени за подобрување на квалитетот на воздух во Општина Гостивар.

ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА ГОСТИВАР за период 2022-2026

Други содржини кои можеби ќе те интересираат