Креирање на План за квалитет на воздух и негова ефикасна имплементација е голем предизвик. Сите општини се соочуваат со многу предизвици и проблеми. Затоа, следна од серијата работилници за зајакнување на нивните капацитети во оваа област беше тренинг за координација, алатки и транспарентност.
Проектот ‚‚Справување со аерозагадувањето‘‘* го посвети последниот тренинг во оваа година да ја презентира КООРДИНАТИВНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ (www.cistvozduh.mk, копчето „Најави се“), која ќе им овозможи на петте пилот општини да ја подобрат својата координација (во рамките на својата општина и во соработка со други општини) и транспарентност вклучувајќи ја јавноста во креирањето на политики за чист воздух и мониторирање на степенот на имплементација на веќе усвоените мерки.
Тренингот на тема: „Развивање координативна платформа за чист воздух” се одржа на ден 18.12.2023 година во просториите на Комитет, Општина Куманово. На обуката присуствуваа 28 учесници од вкупно пријавени 30 лица, од кои 16 жени и 12 мажи, претставници од УНДП, InoYouth Куманово, Општина Кавадарци, Општина Струга, Општина Куманово, Општина Гостивар и Општина Струмица.
Голем дел од тренингот беше посветен да им се даде можност на учесниците сами да внесуваат информации во платформата, но и можност да разговараат за предностите и недостатоците како и начинот на кој тие ќе ја користат платформата за чист воздух, како и за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат нивните општини.
Погледнете ја агендата и материјалите од тренингот:
- Извештај од истражување на перцепцијата на граѓаните и претставниците од локалната самоуправа и јавните институции и установи за прашања поврзани со загадувањето на возсдухот во Кавадарци, Струмица, Гостивар, Куманово и Струга
- Зошто е потребна Координативна платформа за квалитет на воздух и пример за Град Скопје
- Презентација на координативната платформа за петте пилот општини – cistvozduh.mk (работен дел со општините)
- Координативна платформа во пракса (работен дел со општините)
Линкови до усвоени Планови за квалитет на воздух:
- ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА КУМАНОВO за период 2022-2026
- ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ период 2022-2026
- ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА ГОСТИВАР за период 2022-2026
- ПЛАН ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО И ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ 2019-2024 (ПЛАН ЗА КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХ)
*Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Гостивар, Кавадарци, Куманово, Струга и Струмица. Овој проект е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска. Во рамки на програмата исто така се спроведува и проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.