Првиот од серијата тренинзи предвидени во тренинг планот, на тема: “Подготовка на План за квалитет на амбиентен воздух” се одржа на 16.11.2023 година во просториите на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. На обуката присуствуваа 29 учесници, од кои 17 жени и 13 мажи, од вкупно пријавени 30 лица, претставници од општина Кавадарци, општина Струга, општина Куманово, општина Гостивар и општина Струмица, Министерство за животна средина и просторно планирање, Програма за развој на Обединетите Нации, Институт за социолошки, политички и правни истражувања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје и Универзитет Гоце Делчев. Модератор и организатор на настанот е Центарот за климатски промени.
Работниот дел од тренингот се осврна на презентации за законската регулатива за подготовка на План за квалитет на амбиентен воздух и обврските на општините, како и насоки за подготовка на инвентар за емисии на загадувачки супстанци во воздухот како составен дел на Планот за квалитет на амбиентен воздух и идентификување (пропорционирање) на изворите на загадување на воздухот. За прв пат се вклучи и родовиот аспект во креирањето на плановите за квалитет на амбиентен воздух.
Погледнете ги дневниот ред и тренинг презентациите:
- Преглед на законска регулатива за подготовка на План за квалитет на амбиентен воздух и обврски на општините
- Подготовка на инвентар како составен дел на Планот за квалитет на воздух
- Потреба од пропорционирање на уделите на поедините извори во вкупното загадување при планирање на квалитетот на воздухот
- Вклучување на родовите аспекти при дизајнирање / планирање / имплементирање и мониторинг на локалните планови за квалитет на амбиентен воздух