SMART индикатори ‒ основа за успешно спроведување и следење на спроведувањето на планските документи
февруари 26, 2024

Индикатор по дефиниција е квантитативна, квалитативна или дескриптивна (описна) величина која дава информација за некој комплексен систем. SMART индикаторите помагаат да се осигури дека избраните индикатори се добро дефинирани и можат ефективно да се мерат за да се следи напредокот кон конкретни цели и задачи. Токму ова беше во фокусот на тренингот кој се одржа во Кавадарци на 6.2.2024 година, кој им овозможи на општинските претставници подобро разбирање на потребата за дефинирање на соодветните индикатори за мониторинг на спроведувањето на плановите за квалитет на амбиентен воздух.

За време на тренингот учесниците имаа можност да се запознаат зошто е потребно во планските документи да се дефинираат правилни индикатори, како да се дефинира соодветен SMART индикатор за секоја мерка (специфичен, мерлив, остварлив, релевантен и временски ограничен) и начинот на следење на степенот на имплементација на мерките од плановите преку избраните индикатори.

Значаен дел од тренинг програмата се посветува на тренингот за дефинирање на соодветен SMART индикатор со цел претставниците на општината кои работат во релевантните сектори и одделенија да придонесат за мониторинг и евалуација на прогресот кон однапред поставените цели. Ова е уште еден од серијата тренинзи кои се реализираат во рамките на проектот и кои овозможуваат јакнење на компетенциите на општините за подобра имплементација на мерките на плановите за квалитет на воздухот преку истите.

Погледнете ја агендата и тренинг презентациите:

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат