Препорака за редовно чистење на оџаците и инспекции на приватните печки и шпорети
0%
јануари 25, 2024
Оцени ја мерката
Тип
Јавна свест
Сектор
заштита на животна средина
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
Pm10 и pm2.5
Одговорна институција за спроведување
Општина Струмица

Доколку оџаците во куќите редовно се чистат и во исто време грејните тела ги проверуваат оџачари или други лица, делумно би се гарантирало дека емисиите кај овие единици се на најмалото возможно ниво. Луѓето не се свесни за потребата од редовно чистење на оџаците.  



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори
Цел
Целата е да се намалат емисиите, особено емисиите на суспендирани честички кои потекнуваат од греењето во домаќинствата
Индикатори за следење на имплементацијата
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Струмица, општините во агломерација Струмички регион и компании кои како услуга нудат чистење оџаци.
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
Информирањето може да започне веднаш.
Финансии

Административните трошоци за оваа мерка се мали, а се однесуваат на подобрување на мониторингот и спроведувањето на активностите за чистење оџаци и за промовирање на информативна кампања за зголемување на свеста за неопходноста од чистење на оџаците. Тука спаѓа и потенцијалното вработување на дополнителни инспектори за животна средина, како и организација на информативна кампања, дизајнирање, печатење и дистрибуција на информативни материјали.

Трошоците за усогласување со мерката за домаќинствата и деловните субјекти вклучуваат организирање и плаќање редовно чистење на оџаците, на пр. на годишно ниво. Доколку секое домаќинство треба да одвои по на пр. 10 евра годишно за чистење на оџак, вкупниот износ би изнесувал 100.000 евра.

Буџет
Општина Струмица 100.000 евра