За да се намалат емисиите важно е условите за горење и одржувањето на печките и грејните тела да бидат на што е можно повисоко ниво. Информациите и упатствата за добрата пракса при користењето и одржувањето на грејните тела во домаќинствата се од исклучителна важност за да се гарантира што е можно пониски емисии.
Се намалува изложеноста на загадувачки супстанции внатре во самите живеалишта. Може да се зголеми енергетската ефикасност на самите грејни тела.
Кампањата за информирање водена од страна на градските власти причинува релативно мали административни трошоци. Овие трошоци вклучуваат организација на кампањата(може да се појави и потреба од вработување дополнителен персонал) како и дизајнирање, печатење и дистрибуција на информативни материјали. Трошоците исто така зависат од географскиот опсег на кампањата (на ниво на Струмица или на национално ниво)