Доколку оџаците во куќите редовно се чистат и во исто време грејните тела ги проверуваат оџачари или други лица, делумно би се гарантирало дека емисиите кај овие единици се на најмалото возможно ниво. Луѓето не се свесни за потребата од редовно чистење на оџаците.
Административните трошоци за оваа мерка се мали, а се однесуваат на подобрување на мониторингот и спроведувањето на активностите за чистење оџаци и за промовирање на информативна кампања за зголемување на свеста за неопходноста од чистење на оџаците. Тука спаѓа и потенцијалното вработување на дополнителни инспектори за животна средина, како и организација на информативна кампања, дизајнирање, печатење и дистрибуција на информативни материјали.
Трошоците за усогласување со мерката за домаќинствата и деловните субјекти вклучуваат организирање и плаќање редовно чистење на оџаците, на пр. на годишно ниво. Доколку секое домаќинство треба да одвои по на пр. 10 евра годишно за чистење на оџак, вкупниот износ би изнесувал 100.000 евра.