Нови енергетски фасади и кровови, нови врати и прозорци, замена на стари системи за греење со инвертери, топлотни пумпи и системи на пелети – конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во Лисиче, населба во Скопје, избрана како пилот-зона.
Со финансиска поддршка обезбедена од страна на Шведска преку проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје, во 2020 година поддржа 129 домаќинства да ги заменат старите печки за загревање со нови, како и да спроведат мерки за зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата. Спроведувањето на овие мерки овозможи намалување на концентрациите на загадувачките материи (ПМ2,5 честички) внатре во домовите во просек за 10 пати помалку во споредба со состојбата пред спроведувањето на мерките и замената на системите за загревање.
Од енергетски неефикасни домови и користење стари печки на дрва кои го загадуваа воздухот, сега населбата Лисиче стана модел кој може да се спроведе низ целиот град и во сите општини низ државата.
„Вака е ем почисто ем потопло“, „Почист воздух дишеме“, се само дел од изјавите на задоволните семејства. За повеќе информации, погледнете го видеото на следниот линк: