Решенија за загадувањето на воздухот
декември 23, 2024

Загадувањето на воздухот е критично глобално прашање кое силно влијае на здравјето на луѓето. Со брзото зголемување на урбанизацијата и индустријализацијата, емисијата на штетни загадувачи во атмосферата ескалира на загрижувачки нивоа, што доведе до широко распространети болести, вклучувајќи респираторни заболувања, деградација на животната средина и интензивирање на климатските промени. Според Европската агенција за животна средина, загадениот воздух предизвикува околу 250 000 прерани смртни случаи годишно и е причина за бројни хронични заболувања како астма, кардиоваскуларни и респираторни болести.

Преземањето итни активности за справување со загадувањето на воздухот е од суштинско значење за создавање поздрава, поодржлива животна средина. Како одговор на овој итен предизвик, UNDP Accelerator Labs и проектот* „Справување со загадувањето на воздухот“ изработија сеопфатна база на податоци што прикажува 308 иновативни решенија за справување со аерозагадувањето за подобрување на квалитетот на воздухот. Методологијата на оваа иницијатива се заснова на мапирање решенија за дифузија на иновации. Преку оваа иницијатива – мапирање решенија за заштита на воздухот спроведени на 108 различни локации ширум светот – се обезбеди пристап до широк спектар на ефективни акции, мерки или стратегии и на локално и на национално ниво, истакнувајќи конкретни примери и акции во борбата против загадувањето на воздухот.

 

*Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица.

Овој проект е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска. Во рамки на Програмата исто така се спроведува и проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат