Проектот е дел од програмската рамка на УНДП, финансирана ол Шведска. Проектот го имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци. Куманово, Гостивар, Струга и Струмица. Во рамки на програмата исто така се спроведува и проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти”.
Кавадарци, 20 септември 2024 (МИА) – ,,Справување со загадувањето на воздухот” е насловен проектот, во чии рамки денеска во Кавадарци се одржа прва форумска сесија.
Проектот е дел од програмската рамка на УНДП, финансирана ол Шведска. Проектот го имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци. Куманово, Гостивар, Струга и Струмица. Во рамки на програмата исто така се спроведува и проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти”.
– Врз основа на мониторингот што го имавме со УНДП и со Универзитетот ,,Гоце Делчев” од Штип и нивната акредитирана лабораторија, денеска се презентираат резултатите. Резултатите кажуваат нешто што е слично и во другите градови во државата, дека има зголемување на ПМ честички од повеќе фактори. Од делот на сообраќајот, возила, од делот на затоплувањето. Од тоа што досега го видов од студијата, Кавадарци не отстапува од други градови, во делот на присуство на тешки метали. Ќе се движиме во насоки да успееме да го подобриме квалитетот на воздухот во општината. Со подобрување во делот на сообраќајот, со тргање на тешкиот товарен сообраќај од градот, со градење на повеќе зелени површини, со сите можности за подобрување на состојбата со амбиенталниот воздух, рече кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Во изјава за медиумите, професор доктор Дејан Мираковски рече дека слично како и во другите градови, за жал и Кавадарци ги надминува дозволените концентрации на суспендирани честички или популарно наречените ПМ 2.5 честички. Тој подвлече дека проблемот е исто така сличен како и во другите градови.
– Ние се уште се грееме со релативно стари техники на греење, со релативно стари ложишта, на горива што емитираат високи концентрации на суспендирани честички. Сообраќајниците се значаен извор исто така. Посебно во Кавадарци, мерната станица е поставена во близина на обиколницата, се работи за интензивна сообраќајница, така да и сообраќајот е значаен извор во вкупната маса на тие честички. Горење на оган на отворено, користење на отпадни материјали како извор на греење, за жал поради енергетската сиромаштија. Во Кавадарци исто како и другите градови во нашата држава, е загадено пред се од енергетската сиромаштија, неквалитетните горива што се користат за согорување, истакна Мираковски.
Тој изрази надеж дека со мерките што ќе бидат дефинирани во рамките на овие форуми, ќе се тргне во решавање на проблемот, врз база на научни податоци и факти, што ќе им овозможат и на локалните власти и на граѓаните, да ги следат резултатите.
– Се надевам дека наредниот пат кога ќе дојдеме, градот ќе има многу поквалитетен воздух со многу подобри услови за живот за сите, нагласи професорот.
Градоначалникот потсети дека е направено депо во Кавадарци, надвор од градот. Тој подвлече дека во изминатите седум години, се успеало таму да се дислоцираат повеќе од 750 гаражи, што претходно, како што рече, претежно биле поставени на зелени површини, на паркинзи, во делот на колективното домување.
– Многу од тие гаражи функционираат таму, имаат струја и вода. За жал се уште во некои урбани средини имаме семејства печат поголеми количини на ракија, на штета на нивните соседи и целата урбана заедница. Реагираме превентивно, реагираме во делот со инспекторатот, да укажеме дека тоа не е добро за нив и целокупното население. Со нив треба да се разговара, а доколку разговорот не вроди со плод, ќе мора да се преземаат и други мерки, истакна Јанчев, одговарајќи на новинарско прашање.
Извор: