
Фото: општина Струмица
Резултатите од едногодишното истражување за изворите на аерозагадување во Општина Струмица се достапни во финалниот извештај изработен од лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Гостивар, Кавадарци, Куманово, Струга и Струмица. Истражувањето е дел од пошироката иницијатива финансиски поддржана од Шведска, а има за цел да помогне во планирање и имплементација на ефективни политики и мерки за унапредување на квалитетот на воздухот.
Најважните заклучоци од истражувањето покажуваат дека:
- ПМ2.5 честичките се над дозволените граници во текот на целата година, со посебно високи вредности во зимскиот период.
- Отвореното горење на отпад и остатоци од земјоделството, како и горење на огревно дрво, се меѓу главните причинители на загадувањето.
Целосниот извештај е достапен на следниот линк: Преземи го извештајот