2,2 милиони евра за поодржливи болници и почист воздух во Северна Македонија
август 8, 2025

Превземено од: World Bank North Macedonia – Светска банка Северна Македонија


Фото: Светска банка

Одлични вести за здравствената заштита и енергетската одржливост во Северна Македонија!
Грант во висина од 2,2 милиони евра од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) ќе ја поддржи Владата на Северна Македонија во реновирањето на 18 болници низ целата држава.
Овие реновации, кофинансирани од Светската банка, имаат за цел:
• Подобрување на енергетската ефикасност на објектите,
• Намалување на локалното аерозагадување,
• Подобрување на комфорот за пациентите и медицинскиот персонал.
Оваа активност е дел од поширока иницијатива финансирана од Светската банка за зголемување на инвестициите во енергетска ефикасност во јавниот сектор. Следната фаза ќе се фокусира на проекти на општинско ниво, со крајна цел операционализација на Фондот за енергетска ефикасност. Фондот ќе обезбеди континуирани инвестиции во подобрувања на енергетската ефикасност далеку по завршувањето на проектот.
Енергетската ефикасност е клучен столб во транзицијата на Северна Македонија кон поодржлива енергетска иднина и намалување на зависноста од увоз на енергија.

Како ова ќе придонесе за квалитетот на воздухот?


Фото: Светска банка

Енергетските реновации на болниците ќе вклучуваат топлинска изолација, замена на стара опрема за греење и ладење со ефикасни системи, и подобрување на прозорци и фасади. Според анализите од Европската инвестициска банка, ваквите мерки можат да намалат 16–18 % од вкупната потрошувачка на енергија и да спречат емисија од околу 3.500 тони CO₂ годишно (JASPERS/EIB). Со тоа, ќе се намали согорувањето на фосилни горива, што значи помалку ПМ-честички и штетни гасови во урбаните средини – со директни придобивки за здравјето на пациентите, медицинскиот персонал и жителите на околните заедници.

Енергетската ефикасност носи добар воздух и подобро здравје — следете нè на cistvozduh.mk за повеќе зелени вести.

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат