Нова еколошка машина за почиста Струга
септември 17, 2025

Општина Струга доби нова, еколошка машина за чистење улици, која работи целосно на електрична струја.

Со испораката, беше организирана кратка обука за вработените на ЈП „Комунално“ – Струга, кои ќе управуваат со машината и ќе се грижат за правилно и ефикасно користење.

 Активноста е дел од поширока соработка со општинав Струга, што вклучува мерење на квалитетот на воздухот и идентификувањето на изворите на загадување, форуми со граѓаните за избор на приоритетни мерки, па сè до нивната практична реализација.


Проектот „Справување со загадувањето на воздухот”, го спроведува УНДП во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање, како и со општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица.  Проектот е дел од Програмска рамка, којашто е финансирана од Шведска, а го вклучува и проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат