Нашиот прв контакт со светот е воздухот што го дишеме
септември 7, 2025

Го вдишуваме 12 пати во минута и тој нè одржува во живот, или пак, нè труе.

☣️ 99% од луѓето во светот дишат помалку или повеќе загаден воздух. Загадувањето на воздухот е втор најголем ризик фактор за смртност, поврзан со 8,1 милиони прерани смртни случаи секоја година.

✅ Но, загадувањето на воздухот може да се спречи. Со вложувања во обновлива енергија, енергетска ефикасност, подобрување на управувањето со отпадот, запирање на сечата на шумите и промовирање на еколошко земјоделство, можеме да обезбедиме чист и здрав воздух за сите.

✅ Во Скопје, преку проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“, финансиран од Шведска Embassy of Sweden in Skopje, помогнавме да се подобри енергетската ефикасност во 140 домаќинства.

Врз основа на овие резултати, сега ги прошируваме напорите за справување со загадувањето на воздухот во пет градови со цел заеднички да создадеме поздрава животна средина за сите.

Погледнете го видеото

Превземено од УНДП

Други содржини кои можеби ќе те интересираат