Анализата ги истакнува родово и социјално базираните ранливости и основи за разлики во справувањето со (не) квалитетот на амбиенталниот воздух во општините Струмица, Гостивар, Струга, Куманово и Кавадарци.
Преку преглед на законската и стратешка рамка за интерсекција на родот, ранливите категории граѓани и квалитетот на воздух, постојните планови за квалитет на воздух од аспект на род и ранливи категории граѓани како и општинските политики за родова еднаквост во контекст на квалитет на амбиентален воздух, во оваа анализа се даваат препораки за приоретизација на мерките за квалитет на воздух од аспект на род и ранливи категории граѓани.

Од анализата се гледа дека факторот социјална ранливост, поконкретно сиромаштија во корелација со родовата компонента, точно ги дефинира најранливите категории граѓани во поглед на квалитетот на амбиенталниот воздух.