
Главна цел на Планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Општина Кавадарци е да се предложат ефективни и ефикасни мерки со соодветен приоритет за подобрување на квалитетот на воздухот со цел постигнување на значително намалување на емисиите на загадувачки материи во воздухот на територијата на Општина Кавадарци. Предложените мерки се базирани на најдобрите социјални и економски практики кои се интегрирани во политиките за заштита на амбиентниот воздух.
Од инвентарот на емисии може да се заклучи дека во Општина Кавадарци критични сектори на емисија се секторите производни индустрии, резиденцијалните извори, сообраќајот и земјоделието.
Aнализата за определување на уделот на различните извори на загадување во концентрациите на суспендирани честички во Општина Кавадарци прикажува дека сообраќајот има најголем релативен годишен придонес во PM2,5 честиците со 31%. Втор најголем удел има минералната прашина со 25%, додека согорувањето на биомасата имаат удел од 23% во релативниот годишен придонес на изворите на PM2.5 честичките.
Овој план нуди вкупно 20 мерки кои се распределени по годишно време, сметајќи дека загадувањето треба да се спречи кај неговиот извор.
ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ период 2022-2026