
Општината Куманово согласно своите обврски и надлежности кои пред се произлегуваат од Законот за заштита на животната средина и Националниот план за заштита на воздухот, презема мерки кои се насочени кон подобрување на квалитетот на воздухот во општината, имајќи во предвид дека особено во студените месеци квалитетот на воздухот е значително нарушен.
Планирањето на мерките за подобрување на квалитетот на воздухот подразбира и специфично дизајнирање на таргетирани мерки насочени кон намалување на емисиите од посебните извори на емисии.
Инвентарот на емисии од загадувачки супстанции во Општина Куманово ги дефинира согорувањето на биомасата и сообраќајот како најголеми извори на загадувањето на воздухот.
Анализата за определување на уделот на различните извори на загадување во концентрациите на суспендирани честички ги одредува согорувањето на биомасата, сообраќајот и согорувањето на нафта и мазут како извори со најголем релативен годишен удел во PM2,5 честиците и притоа покажува кои извори се периодични, а кои се постојани во текот на целата година.
Овој план нуди вкупно 19 мерки кои се распределени по годишно време, сметајќи дека загадувањето треба да се спречи кај неговиот извор.
ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА КУМАНОВO за период 2022-2026