Досегашните искуства покажуваат дека за подготовка на соодветен план за квалитет на амбиентален воздух потребен е систематски пристап во обезбедување на податоци. За таа цел на 13.12.2023 година во просториите на Општина Струмица се одржа тренинг за обезбедување податоци за подготовка на успешни планови за квалитет на амбиентен воздух.
Тренингот се одвиваше преку серија интерактивни сесии кои овозможија дополнителна дискусија и размена на знаење и искуства на претставниците од петте општини: Струмица, Струга, Кавадарци, Куманово и Гостивар. На обуката присуствуваа 27 учесници, од кои 17 жени и 10 мажи.
Во рамките на тренингот се презентираа информации за начинот на собирање податоци за подоготовка на студија за пропорционирање на уделите на загадувачи, за подготовка на инвентари на загадувачки супстанци, за вклучувањето на засегнатите страни, но и за другите податоци, кои меѓу другото, ги адресираат и родовите аспекти и предизвиците со кои се соочуваат ранлите категории на граѓани.
Погледнете ја агендата и тренинг презентациите:
- Прибирање податоци за подготовка на студија за пропорционирање на уделите на загадувачки супстанци во воздухот
- Чекори за обезбедување податоци при подготовка на катастар на загадувачи и други плански документи
- План за квалитет на амбиентен воздух на Струмица и начин на прибирање податоци за подготовка на планот
- Преглед на квалитетни податоци за план за квалитет на амбиентен воздух
- ПЛАН ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО И ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ 2019-2024