На 14 и 15.12.2023 годинава во просториите на Клубот на новинари во Скопје се одржа обука на тема „Справување со загадувањето на воздухот – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“. Обуката ја реализираа искусни новинати со долгогодишно искуство во следење и покривање теми од областа на животната средина како и стручни лица од тимот на Универзитетот Гоце Делчев од Штип, каде што е сместена акредитираната лабораторија за мерење на квалитетот на воздухот.
За време на обуката учесниците имаа можност да ги подобрат своите знаења и вештини за теми поврзани со загадување на воздухот и улогата на новинарите во борбата за почист воздух, клучните термини и разбирање на процесот на анализа на загадување на воздухот, влијание на загаденоста на воздухот врз здравјето на луѓето и животната средина и улогата на новинарите во подигнување на јавната свест, новинарство засновано на анализа на податоци за загадување на воздухот, потребата од соработка со граѓанските организации и локалната власт, техники на истражувачко новинарство при известување за загадувањето на воздухот, како и важноста на мултимедијалниот пристап при раскажување приказни за загадувањето на воздухот.
Учесниците имаа можност да споделат и свои видувања и искуства на темите преку интерактивна дискусија.
Погледнете ја агендата и тренинг презентациите:
- Клучни термини и разбирање на процесот на анализа на загадување на воздухот
- Клучни термини и разбирање на процесот на анализа на загадување на воздухот
- Статус и можни мерки против загадување на воздухот
- Важноста на истражувачкото новинарство при известување за прашања за животната средина
- Најдобри практики на соработка меѓу новинарите и претставниците на граѓанските организации и претставниците на локалната власт
- Новинарство засновано на анализа на податоци за загадување на воздухот
- Процес и техники на истражувачкото новинарство/Планирање и спроведување на новинарско истражување