Тренинг за дизајнирање на програма за субвенции кои ќе одговорат на потребите на различни групи на граѓани
ноември 29, 2023

Вториот од серијата тренинзи предвидени во тренинг планот, на тема: “Дизајнирање на програма за субвенции кои ќе одговорат на потребите на различни групи на граѓани” се одржа на 29.11.2023 година во просториите на iCan Гостивар. На обуката присуствуваа 28  учесници, од кои 18 жени и 10 мажи,од вкупно пријавени 30 лица, претставници од УНДП, консултанти, Општина Кавадарци, Општина Струга, Општина Куманово, Општина Гостивар и Општина Струмица.

 

Учесниците имаа прилика да дискутираат на сите претходни теми за кои предавачите зборуваа на тренингот, притоа благодарение на нивното активно учество, тренингот се затвори со обострано задоволство.

Претставниците на Општина Гостивар сметаа дека вакви информации и насоки кои беа обезбедени за време на тренингот се особено корисни за општините и овозможуваат лесно и успешно дизајнирање на најсоодветен модел за субвенционирање. Примерот на Општина Аеродром е повеќе од корисен и голем дел од општините најавија интерес за преземање и користење во своите општини.

Погледнете ја агендата, тренинг презентациите и краткиот документарен филм:

Други содржини кои можеби ќе те интересираат