Инспекцијата служи како основа за ефективно спроведување на законите, овозможувајќи им на властите да го следат и оценуваат спроведувањето на законите. Добриот инспекциски надзор осигурува дека бизнисите и индивидуалците се придржуваат кон прописите, намалувајќи го ризикот од загадување, уништување на природата, но исто така причинувајќи и други штети во животната средина.
Во Република Северна Македонија, каде што еколошките предизвици можат да бидат присутни поради различни фактори како што се: индустриски активности, урбанизација и загадување од различни извори, улогата на инспекторите за животна средина станува уште поголема. Овие инспектори треба да бидат добро обучени, опремени со потребната стручност и овластени да спроведуваат инспекции на ефикасен начин.
Во таа насока и последниот тренинг за инспектори кој се реализираше во рамките на проектот* се одржа низ практични примери за тоа како се врши инспекциски надзор. Тренингот беше посветен на изработка на стандардна оперативна процедура која е основна процедура за вршење инспекциски надзор, според новиот Закон за инспекциски надзор.
Тренингот се одржа во просториите на Цементарница Усје и претставуваше одлична можност за практично искуство и усовршување на знаењата. Присуството на терен им овозможува на инспекторите да ги разберат конкретните еколошки предизвици и проблеми со кои се справува Цементарница. Во интерактивната атмосфера, инспекторите можеа да разговараат директно со персоналот на објектот, менаџерите за животна средина и техничките експерти.
Практичното искуство што го стекнаа ќе им помогне да ги спроведуваат инспекциите на поефикасен начин, но и полесно да ја проценуваат усогласеноста со еколошките регулативи. Ваквата обука не само што им овозможи зголемување на знаењата и вештините на инспекторите, туку и ги подигна на ниво на проактивно управување со еколошките проблеми.
Погледнете ги тренинг презентациите:
- Инсталација; Листа на проверка – редовна / вонредна контролна инспекција
- Апстракт од конечен ревизорски извештај
- ИЗВЕШТАЈ ОД ИСТРАЖУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ ВО КАВАДАРЦИ, СТРУМИЦА, ГОСТИВАР, КУМАНОВО И СТРУГА
- Закон за инспекциски надзор во животната средина
- Инспекциски надзор во животна средина- Општа постапка
- Стандардна оперативна процедура за вршење на инспекциски надзор над постапувањето со отпадни моторни масла