ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА СТРУГА за период 2023-2027
ноември 6, 2025

Aнализата за определување на уделот на различните извори на загадување во концентрациите на суспендирани честички во Општина Струга прикажува дека сообраќајот има најголем релативен годишен придонес во PM2,5 честиците со 40%. Втор удел по големина има согорувањето на нафта и мазут со 18%, додека согорувањето на биомасата има удел од 15% во релативниот годишен придонес.

Општината Струга согласно своите обврски и надлежности кои пред се произлегуваат од Законот за заштита на животната средина и Националниот план за заштита на воздухот, презема и планира мерки кои се насочени кон подобрување на квалитетот на воздухот во општината, имајќи во предвид дека особено во студените месеци квалитетот на воздухот е значително нарушен. Планирањето на мерките за подобрување на квалитетот на воздухот подразбира и специфично дизајнирање на насочени мерки насочени кон намалување на емисиите.

Инвентарот на емисии од загадувачки супстанции, како и анализата за определување на уделот на различните извори на загадување во концентрациите на суспендирани честички во Општина Струга ги дефинира сообраќајот согорувањето на течни горива и согорувањето на биомасата, како најголеми извори на загадувањето на воздух, и притоа покажува кои извори се периодични, а кои се постојани во текот на целата година. Планот нуди вкупно 18 мерки кои се распределени по годишно време, сметајќи дека загадувањето треба да се спречи кај неговиот извор.

ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА СТРУГА за период 2023-2027

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат