Плановите за квалитет на воздух за Oпштините Стумица, Куманово, Кавадарци, Струга и Гостивар – дел од Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија
ноември 6, 2025

Фото: puls24.mk

Во најновиот Извештај за напредокот на Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, објавен во ноември 2025, Поглавјето 27 Животна средина и климатски промени, Европската комисија (ЕК) нотира дека:

Планот за квалитет на воздухот на Струмица е во фаза на развој, додека плановите за Куманово, Кавадарци, Гостивар и Струга се ажурираат.“

Во меѓувреме, сите пет планови за квалитет на воздухот се веќе усвоени, што претставува важен придонес кон подобрување на управувањето со квалитетот на воздухот, што е во согласност со целите на ЕУ директивите.

Активностите за развој и ажурирање на плановите за квалитет на воздухот се дел од проектот* Справување со загадувањето на воздухот“, кој го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и со Oпштините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица, со финансиска поддршка на Шведска.

Оваа констатација претставува една од двете светли точки во Поглавје 27, кое генерално бележи ограничен напредок. Другите светли точки нотирани во Извештајот се развојот на Интегрираниот информациски систем за шумарство (IFIS) и сертифицирањето на над 100 000 хектари државни шуми, кои се реализирани со поддршка од ЕУ.

Дополнително во Извештајот на ЕК стои дека:

Загадувањето на воздухот е идентификувано како сериозен ризик по здравјето, особено во урбаните средини. Извештајот нотира дека високите концентрации на ПМ-честички (PM10 и PM2.5) се поврзани со зголемена смртност и респираторни заболувања, што бара итна интервенција.

Се препорачува засилување на мониторингот, подобрување на капацитетите и интегрирање на здравствените аспекти во политиките за животна средина.

Плановите за квалитет на воздухот се клучни за исполнување на обврските од Директивата за амбиентален воздух (2008/50/EC).

 

*Проектот е дел од Програмска рамка, којашто е финансирана од Шведска, а го вклучува и проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.

 

 

Други содржини кои можеби ќе те интересираат