Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ презентиран на националниот сервис
ноември 29, 2024

На темата за загадениот воздух се зборуваше и во емисијата „Македонија наутро“ на Македонската радио-телевизија, а гости беа Александра Димова Манчевска од УНДП и проф. д-р Дејан Мираковски, ректор на УГД. Гостите го презентираа проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, кој е дел од Програмската рамка на УНДП и е финансиран од Шведска. Проектот се спроведува во партнерство со Министерството за животна средина и Општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица.

Во дискусијата беше потенцирано дека оваа студија се разликува од претходните поради подобрените методологии, нови прагови за детекција и пошироки анализи. Иако бројот на научни студии за загадувањето на воздухот во Македонија е ограничен, оваа анализа претставува важен чекор кон подлабоко разбирање на проблемот и изнаоѓање соодветни решенија.

Целото интервју е достапно тука.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат