На 12.12.2023 година во просториите на Универзитетот ‚‚Гоце Делчев‘‘ во Штип се одржа обука на тема „Мерење на суспендирани честички – зошто и како?“. На обуката присуствуваа 12 учесници, од кои 7 мажи и 5 жени, претставници од невладини организации од Струга, Гостивар, Струмица, Куманово и Кавадарци. Модератор и организатор на настанот беше Факултетот за природни и технички науки, Универзитет ‚‚Гоце Делчев‘‘ во Штип.
Во првиот дел од обуката беа презентирани основни информации за изворите на загадување, мерењата, сензорите и индексите, гравиметриско мерење на концентрација на РМ2.5 и РМ10 и анализа на составот на РМ2.5 и РМ10.
Вториот дел беше посета на лабораторијата АМБИКОН.
Погледнете ја агендата и тренинг презентациите: