Генералниот директор на Sida во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ – фокус на резултатите од програмската рамка на УНДП финансирана од Шведска
мај 7, 2025

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип минатата недела беше домаќин на високата делегација предводена од Јакоб Гранит, генерален директор на Шведската агенција за меѓународeн развој (Sida), во рамките на работна посета посветена на резултатите од програмската рамка* на УНДП, којашто е финансиски поддржана од Шведска.

Фотографија: УГД

Присутните имаа можност да се информираат за тековните активности и резултати од двете водечки иницијативи во рамки на програмската рамка:
🔹 „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ и
🔹 „Справување со загадувањето на воздухот“.

   

Фотографии: УГД и UNDP

Во фокусот беше и улогата на УГД како академски и истражувачки партнер кој, заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање и УНДП, учествуваше во идентификација на главните извори на загадување на воздухот во шест македонски општини: Скопје, Куманово, Гостивар, Струга, Кавадарци и Струмица.

„Соработката меѓу институциите и научната заедница носи конкретни решенија за локалните заедници. Горди сме што сме дел од овој трансформативен процес,“ изјави ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.

Фотографии: УГД и UNDP

Во рамките на посетата гостите имаа можност и директно да ги видат лабораториите на УГД и современата опрема и технологија преку која се вршени и дел од научните истражувања во општините низ државата.
Посетата беше оценета како значајна потврда како соодветни активности прават вистинска разлика и придонесуваат кон почист воздух и поздрави заедници. Поддршката од Шведска е охрабрувачки сигнал за можна понатамошна заедничка работа на теми од клучно значење за животната средина и одржливиот развој и успешна соработка меѓу македонските институции и меѓународните партнери.

Други содржини кои можеби ќе те интересираат