Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
Одговорна институција за спроведување
Во изминатите неколку години се доделија субвенции на голем број на домаќинства да ги заменат старите и загадувачки начини на греење со нови. Прнципот на доделување субвенции беше најчесто “прв дојден, прв услужен” при што апликантот треба сам да го купи новото грејно тело, па ако исполнува услови за субвенција, ќе му биде рефундиран само дел од вредноста. Овој механизам на субвенционирање не е правичен, бидејќи оневозможува поддршка на ранливите групи на граѓани. Најштетните влијанија на загадувањето врз човековото здравје обично ги сносат најранливите групи. Тие вклучуваат деца, кои може да претрпат сериозна долгорочна штета на нивниот развој, лица со медицински состојби, постари лица, лица со попреченост и оние кои живеат во посиромашни социо-економски услови. Во рамките на проектот “Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје” предложен е предлог за подобрување на постоечките и развој на нови модели на субвенции за намалување на загадувањето на воздухот, кој овозможува достапни субвенции за социјално/економско ранливите категории граѓани. Оваа мерка треба да овозможи негова практична примена.
Прогрес на имплементација
Превземени чекори
- подготвен предлог за подобрување на постоечките и развој на нови модели на субвенции за намалување на загадувањето на воздухот, кој овозможува достапни субвенции за социјално/економско ранливите категории граѓани.
Планирани чекори
- ревидирање на начинот на субвенционирање според предложениот модел наведен погоре;
- подготовка на регистар на лица од ранливи категории на кои им е потребна поддршка;
- воспоставување формална соработка со енергетските контролори кои ќе ги приоритизираат апликациите по извршена енергетска контрола на домовите;
- дизајнирање на мерка за субвенционирање на набавка на пелети за греење за оние семејства кои имаат печки на пелети или подобрување на енргетската ефикасност/субвенционирање на дел од сметката за електрична енергија за оние кои се грејат со топлотни пумпи, со цел полесно да ги надминат предизвиците на енергетската криза;
- “Воздухот дома поотровен од надвор” – дизајнирање информативни материјали за лошиот квалитет на воздух во домовите кои користат печки на дрва за греење и готвење, користејќи ги анализите за Скопје направени од АМБИКОН во рамките на проектот “Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје”.
Цел
најмалку 5,000 субвенции доделени на ранливи групи граѓани
Индикатори за следење на имплементацијата
- број на доделени субвенции на ранливи категории лица расчленет по род.
Одговорна институција за следење на имплементација
Град Скопје
Дополнителни придобивки
- намалување на енергетската сиромаштија.
Период на имплементација
Финансии
Буџет
307,000,000 денари