Спроведување забрана за горење несоодветни или отпадни материјали во грејните тела во домаќинствата
0%
декември 10, 2023
Оцени ја мерката
Тип
Регулаторна
Сектор
Енергетика
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
COPAHsPM10PM2.5VOCs
Одговорна институција за спроведување
Министерство за економијаМинистерство за локална самоуправаОпштина Струмица

Горењето несоодветни материјали во грејните тела во домаќинствата може целосно да
се забрани, особено горењето отпад, затоа што тоа произведува и ослободува многу
штетни материи во самите домови, но и во атмосферата.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори
Цел
Целата е да се намалат емисиите на PM, PAHs и VOCs и да се избегне формирање канцерогени соединенија како диоксини и фурани
Индикатори за следење на имплементацијата
Одговорна институција за следење на имплементација
Општина Струмица
Дополнителни придобивки

Се намалува изложеноста на загадувачки супстанции и во самите домови

Период на имплементација
Може да започне по промена на националното законодавство
Финансии

Мерката предвидува потенцијални големи административни трошоци за подобрување
на мониторингот и спроведување на забраната. За таа цел, можно е да се појави потреба
од вработување на дополнителни инспектори за животна средина, меѓутоа мора да се
модернизира системот за рециклирање на отпадот од домаќинствата со цел
домаќинствата да имаат алтернатива на горењето отпад. Мора да се воведат соодветни
системи за прибирање и одлагање отпад, за што е потребно купување дополнителни
камиони за собирање отпад и изградба на постројки за спалување (инценерација) на
отпад. Ова многу би ја зголемила цената на чинење на мерката.
Кај домаќинствата кои досега гореле отпад за да се загреат, трошоците за
усогласување со мерката произлегуваат од потребата да се купат алтернативни горива за
греење. Овие трошоци би биле мали доколку постојат евтини алтернативни горива за
греење (пр. огревно дрво), додека трошоците би биле умерени доколку се донесе
забрана за горење дрва.

Буџет