Субвенционирање на чистење на оџаци во домаќинствата
0%
октомври 3, 2025
Оцени ја мерката
Тип
Субвенција
Сектор
Енергија
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
5COPM10PM2TSP
Одговорна институција за спроведување
Општина Куманово

Постоечките печки на огревно дрво кои се користат во Македонија имаат максимален коефициент на полезно дејство од 0,75. Покрај релативно нискиот коефициент на полезно дејство, овие печки создаваат висока концентрација на PM2,5 и PM10 честички. За секој согорен 1м3 огревно дрво се добиваат PM2,5 честици со количина 0,00499 [t/m3] и PM10 честици со количина 0,00512 [t/m3]. Согласно последниот попис од 2021 година, воопштината регистрирани се 15123 домаќинства кои за греење користат
огревно дрво. Од нив, 14077 домаќинства се греат со една печка, односно не поседуваат централно греење во домот. Во општина Куманово 41% од испитаниците како примарен енергенс за загревање на домот го користат огревното дрво. Две третини од жителите на Куманово (63%) сметаат дека енергенсот кој го употребуваат за загревање на нивниот дом, не го загадува воздухот во околината во која живеат. Речиси две третини од испитаниците (65%) истакнале дека не се заинтересирани да го сменат актуелниот начин на загревање на нивниот дом. Повеќе од половина од интервјуираните граѓани (59%) изјавиле дека нема веројатност да се одлучат за инвестиција во следните 12 месеци, каде најприсутни се оние со најниски месечни примања (11000 денари и помалку,
11001мкд – 14000мкд) и возрасна група 55+. Сепак останатите групи на месечни примања од 14001 до над 60000мкд се изјасниле дека би промениле начин на греење во скала од 1% до 17%. 48% од интервјуираните жители на Куманово не се информирани за постоењето на субвенционирана програма за енергетска ефикасност како помош за домаќинствата од страна на општината. (УНДП, 2023).
Мерката има двојна функција: намалување на внатрешно и надворешно загадување. Сиромашната популација на ниво на индивидуа и домаќинство се јавува и како најголем емитер а воедно и како најзагрозена категорија граѓани од внатрешно и надворешно загадување.Енергетската сиромаштија директно се таргетира преку оваа мерка како додадена вредност на истата.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори

Чекор 1
Врз основа на релевантни документи се доставува барање од сектор ЛЕР и заштита на животната средина до Совет на општина за донесување на одлука/решение на општината за висина на средствата за субвенција за оваа мерка да се внесе во Буџетот
за идната година (Декември). Одредувањето на висината на субвенцијата треба да биде согласно висината на примања на домаќинството.
Чекор 2
Одлука на Советот на општина за доделување на финансиски средства за субвенција и внесување во Буџет за идната година. Воведување посебни параметри за дефинирање категории ранливи домаќинства дефинирани од општината. (висина на примања на домаќинство)
Чекор 3
Оформување на комисија од членови од секторите во општината. Дефинирање на параметри за избор на домаќинство (приходи, социјален статус, број на членови во домаќинство итн.). Зголемување на видливоста на Конкурсот и обезбедена поддршка
за ранливи категории граѓани за упатување за прибирање соодветна документација за апликација. Информативна кампања (социјални и други традиционални медиуми) за објавата и условите на Конкурсот. Информативни кампањи за штетноста на користење на огревно дрво за загревање и готвење.
Чекор 4 Објавување на конкурс за доделување на субвенции за чистење на оџаци и оформување на општинска комисија за избор.
Чекор 5 Анализа и избор на пријавени домаќинства согласно бараните параметри. Собирање полово поделени податоци за апликанти и добитници на субвенции.
Чекор 6 Собирање на податоци за определување на индикатори: Aнкета пред добивање на субвенција

Цел
14077 домаќинства кои се греат на печки на дрва
Индикатори за следење на имплементацијата

- број на домаќинства кои добиле субвенција;

- % на жени добитници на субвенција

- % на лица над 55 години добитници на субвенции

- % на социјално ранливи категории добитници на субвенција

Одговорна институција за следење на имплементација
Одделение за заштита на животната средина
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
долгорочно
Финансии
Буџет
1.200 ден/домаќинство 16.892.400 ден. за 14077 домаќинства