Субвенционирање на топлинска изолација на домаќинства
0%
октомври 3, 2025
Оцени ја мерката
Тип
Субвенција
Сектор
Енергија
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
5CONOxPM10PM2SOx
Одговорна институција за спроведување
Општина Кавадарци

Постоечките објекти во општината во најголем дел се изградени во периодот 1960 -2010 година во кој период не се бараше објектите да имаат соодветни термички карактеристики. Во тој период објектите се градени со надворешни ѕидови со полна или шуплива цигла од двете страни премачкани со малтер. Таквиот ѕид има U вредност од 1.6-2 [W/m2K]. Поради тоа, при греењето на
истите се троши големо количество енергија која пак условува голем трошок на гориво, кое во најголем дел е огревно дрво. 65% од испитаниците во Кавадарци изјавиле дека нема веројатност да се одлучат за инвестиција во следните 12 месеци (најзастапена е возрасната категорија граѓани 55+ со 44%). (УНДП, 2023).



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори

Чекор 1
Решение на општината за висина на субвенција за оваа мерка. Висината на субвенцијата да зависи од категоријата ранливост. Поранливите домаќинства (со пониски примања) да имаат повисока субвенција.
Чекор 2
Дефинирање на параметри за избор на домаќинство (приходи, социјален статус, број на членови во домаќинство итн.). Воведување категорија ранливост во параметрите за дефинирање на домаќинства кои може да бидат корисници на овие субвенции – пример: домаќинства со ниски месечни примања, самохрани родители, повеќечлени семејства со ниски
приходи, едночлено семејство на возраст 55+ со ниски приходи, жртви на семејно насилство, итн. Општинската комисија ќе ги одреди параметрите за дефинирање на ранливо домаќинство согласно структурата на население во нејзината општина.
Чекор 3
Објавување на конкурс за домаќинствата и оформување на општинска комисија за избор. Зголемување на видливоста и транспарентноста на Конкурсот и обезбедена поддршка за ранливи категории граѓани за упатување за прибирање и подготовка на бараната документација за апликација.
Чекор 4
Анализа и избор на пријавени домаќинства согласно бараните параметри. Собирање полово поделени податоци на апликанти и добитници на субвенции.
Чекор 5 Индикатори за мерење: Aнкета пред и после доделување на субвенција.

Цел
1240 домаќинства
Индикатори за следење на имплементацијата

- број на домаќинства корисници на мерката;

- % на жени добитници на субвенција;

- % на лица над 55 години добитници на субвенции;

- % на социјално ранливи категории добитници на субвенција.

Одговорна институција за следење на имплементација
Општина Кавадарци
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
долгорочно
Финансии
Буџет
61.000 ден/домаќинство 75.540.000 денари за 1240 домаќинства