Спроведување на едукативни кампањи
5%
октомври 2, 2025
Оцени ја мерката
Тип
Јавна свест
Сектор
Повеќесекторски
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
5CONMVOCPM10PM2
Одговорна институција за спроведување
Општина Гостивар

Според Истражувањето за перцепцијата на амбиентниот воздух 66% од испитаниците во општина Гостивар се изјасниле загадувањето на воздухот претставува голем проблем во нивниот град, и 75% од испитаниците изразиле лична загриженост за последиците врз здравјето што ги предизвикува или би можело да ги предизвика загадувањето на воздухот во градот. Од друга страна 11% сметаат дека огревното дрво како енергенс влијае на загадување на воздухот, што укажува на потребата од воведување сериозни и континуирани  информативни стратегии на општината за подигнување на јавната свест за користењето на овој енергенс.
Граѓаните на општина Гостивар се во недоволно свесни за штетноста од користење јаглен (46%), додека пак за нафтата се изјасниле дека е штетна во 59%, а за горењето на отпадни материи во 86% од случаите. 89% од интервјуираните жители на Гостивар изјавиле дека до сега никогаш не аплицирале на повик во кој се доделуваат субвенции за енергетски ефикасни решенија, а како најчеста причина за тоа се јавува неинформираноста во 27%.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори

Чекор 1 Формирање интер-секторска работна група на општината за креирање на Планот за подигнување на јавната свест. Интер-секторската работна група треба да содржи претставници од областа на здравјето, социјалната заштита, младите, животна средина, земјоделство, образование, стратешко планирање, родова еднаквост, отпад.

Чекор 2 Дефинирање на динамиката на работа на групата
Чекор 3 Избор на објекти и целни групи. Изработка на Планот за подигнување на јавната свест за квалитетот на воздух во општината
Чекор 4 Имплементација на активностите на планот
Чекор 5 Мерење на степен на реализација на мерката (број и вид на активности/
број/пол/ на учесници на активностите

Цел
1000 граѓани
Индикатори за следење на имплементацијата

▪ број на слушатели

Одговорна институција за следење на имплементација
Општина Гостивар
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
долгорочно
Финансии
Буџет
61.000 ден/настан 10 настани - 610.000 денари