Редовно чистење на улиците
0%
октомври 3, 2025
Оцени ја мерката
Тип
Техничка мерка
Сектор
Хигиена
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
5PM10PM2TSP
Одговорна институција за спроведување
Oпштина Кавадарци

Користењето на градските сообраќајници од возилата во текот на денот, како и емисиите од останатите сектори во градот
условуваат собирање на голема количина на прашина и нечистотии на овие делови. Доколку истите не се исчистат во
текот на одреден период, поради фреквенцијата на користење настанува нивно ширење од површината на коловозот во
воздухот (процес на ресуспензија). Поради ова, потребно е на дневно ниво да се врши прочистување на одреден дел од сообраќајниците. Изработка на план и динамика на чистење улици, во кој приоритетни области за чистење ќе бидат улиците покрај
институциите од областа на образованието, здравствената и социјална заштита (градинки, школи, болници, центри за социјална работа).



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори

Чекор 1
Дефинирање на зоните со висока концентрација на сообраќај и часови во денот за спроведување на мерката. Приоритетни области за чистење да бидат улиците покрај институциите од областа на образованието, здравствената и социјална заштита
(градинки, школи, болници, центри за социјална работа).
Чекор 2 Реализација на мерката.

Цел
36500 [km/годишно]
Индикатори за следење на имплементацијата

- должина на измиени улици [km];

Одговорна институција за следење на имплементација
Oпштина Кавадарци
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
долгорочно
Финансии
Буџет
400 ден/km за измивање на улиците