Редовно миење на улиците
0%
октомври 3, 2025
Оцени ја мерката
Тип
Техничка мерка
Сектор
Хигиена
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
5PM10PM2TSP
Одговорна институција за спроведување
Oпштина Струмица

Користењето на градските сообраќајници од возилата во текот на денот, како и емисиите од останатите сектори во градот условуваат собирање на голема количина на прашина и нечистотии на овие делови. Доколку тие не се исчистат во текот на одреден период, поради фреквенцијата на користење настанува нивно ширење од површината на коловозот во воздухот (процес на ресуспензија). Поради ова, потребно е на дневно ниво да се врши прочистување на одреден дел од сообраќајниците.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори

Чекор 1 Дефинирање на зоните со висока концентрација на сообраќај и часови во денот за спроведување на мерката. Приоритетни области за чистење да бидат улиците покрај институциите од областа на образованието, здравствената и социјална заштита (градинки, школи, болници, центри за социјална работа).
Чекор 2 Реализација на мерката.

Цел
36500 [km/годишно]
Индикатори за следење на имплементацијата

➢ должина на измиени улици [km];

Одговорна институција за следење на имплементација
Oпштина Струмица
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
долгорочно
Финансии
Буџет
400 ден/km за измивање на улиците