Изградба на велосипедски патеки
0%
октомври 3, 2025
Оцени ја мерката
Тип
Инвестиција
Сектор
Транспорт
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
CONMVOCNOx
Одговорна институција за спроведување
Општина Кавадарци - Одделение за заштита на животната средина

Секој транспорт на луѓе и добра е условен од растојанието меѓу почетната и крајната точка на пристигнување. Со влезот на половни автомобили од ЕУ на македонскиот пазар во 2010 година, нагло се зголеми возниот парк во државата, а истото важи и за општината Кавадарци. Ова услови користење на возилата за секој вид на транспорт (од/до продавница, од/до училиште, од/до работа итн).
Енормното користење на возилата во општината придонесе кон зголемени емисии на издувни гасови. Мерката Изградба на велосипедски патеки треба да содржи компонента на родово-буџетирање на начин што велосипедските патеки треба да поминуваат до објекти од областа на образованието, здравството и социјалната заштита. Бидејќи жените се најчесто тие кои ги носат своите деца на училиште, до здравствените установи би се обезбедил безбеден и еколошки начин на пристап на жените и децата до овие објекти.
Младите се иста така тука таргетирани во пристапот до образовни институции, додека пак социјално-ранливите категории имаат олеснет пристап до центрите за социјална работа, чии корисници се. На овој начин се зголемува и еколошката мобилност и се зајакнува бихејвиоралниот фактор на користење еколошки средства за транспорт помеѓу младата и општата популација. Мерката има двоен ефект: воведување еколошки пракси на транспорт но и социјална компонентна за олеснување на еколошката мобилност на ранливите категории граѓани.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори

Чекор 1
Анализа на сообраќајот во градот, по сезони. Формирање на параметри за избор. Приоритет во планот за градење дополнителни велосипедски патеки да имаат велосипедски патеки со пристап до градинки, школи, објекти од здравствената и социјалната заштита.
Чекор 2 Формирање на тим (општинари, сообраќајни инженери) за проценка на соодветни патеки.
Чекор 3 Објавување на јавен повик за заинтересирани деловни лица за изградба.
Чекор 4 Избор на компанија и почеток на реализација.
Чекор 5 Мерење на искористеност на патеката преку соодветни параметри.

Цел
Изградба на 5 [km] велосипедска патека
Индикатори за следење на имплементацијата

- изградени велосипедски патеки [km];

Одговорна институција за следење на имплементација
Општина Кавадарци - Одделение за заштита на животната средина
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
долгорочно
Финансии
Буџет
1.722.000 денари/км44 8.610.000 денари за 5[km]