Зголемен инспекциски надзор на инсталации кои имаат добиено Б -ИЕД дозволи
0%
октомври 3, 2025
Оцени ја мерката
Тип
Техничка мерка
Сектор
Животна средина
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
NMVOCPM10TSP
Одговорна институција за спроведување
Општина Куманово

Од 1990 година наваму, евидентно е зголемувањето на бројот на компании и мали производствени капацитети во целата држава, па така и во општина Куманово. Сите овие субјекти преку својата производствена дејност, на еден или друг начин, влијаат на животната средина преку емисиите на загадувачки супстанции кои се производ на производствените процеси. Согласно законските
обврски, сите производствени капацитети со определени параметри на производство, од општината добиваат Б – интегрирани еколошки дозволи преку кои се контролираат емисиите на овие капацитети врз животната средина



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори

Чекор 1 Воведување на задолжителни мерки за контрола на емисиите при производствен процес (поставување на филтри за прочистување на издувните гасови од процеси на согорување)
Чекор 2 Редовна контрола на производствените капацитети дали се применуваат мерките за помалку емисии.

Цел
20 инспекции на производствени капацитети со Б –ИЕД во општината во една година
Индикатори за следење на имплементацијата

- број на инспекции;

- број на изречени казни.

Одговорна институција за следење на имплементација
Општина Куманово
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
долгорочно
Финансии
Буџет
Дел од работните задачи на инспекторите за животна средина, нема дополнителни трошоци