Замена на печки на фосилни горива во административни објекти
0%
октомври 3, 2025
Оцени ја мерката
Тип
Техничка мерка
Сектор
Енергија
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
5CONMVOCPM10PM2
Одговорна институција за спроведување
Одделението за заштита на животната средина - Општина Куманово

Најголемиот дел од објектите кои се во сопственост на општината се загреваат со централно греење за чии потреби користат котли на нафта, додека во помалите објекти, најчесто подрачните училишта се загреваат со дрва заради малата грејна површина.  Мерката во себе содржи силна родова компонента како и компонента на ранливи категории граѓани. Со оглед на фактот што жените се во повисока стапка вклучени во делот на образование на деца, а од друга страна децата се дефинирани како ранлива категорија во поглед на загаден воздух во и вон објектот, спроведувањето на оваа мерка ќе има силна родова и социјална димензија.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори

Чекор 1 Решение на општина за издвојување на средства.
Чекор 2 Формирање на комисија за реализација на проектот.
Чекор 3 Подготовка на проектна документација и тендерска постапка.
Чекор 4 Изведба на инсталацијата во објектот.

Цел
Инсталирање на топлински пумпи во ЈУОДГ „Сонце“
Индикатори за следење на имплементацијата

- број на општински објекти со заменети системи за греење;

Одговорна институција за следење на имплементација
Одделението за заштита на животната средина
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
долгорочно
Финансии
Буџет
9.225 денари/kW топлинска моќност ЈУОДГ„Сонце“ топлинска моќност 60 kW – 553.000 денари.