Најголемиот дел од објектите кои се во сопственост на општината се загреваат со централно греење за чии потреби користат котли на нафта, додека во помалите објекти, најчесто подрачните училишта се загреваат дрва заради малата грејна површина. Мерката во себе содржи силна родова компонента како и компонента на ранливи категории граѓани. Со оглед на фактот што жените се во повисока стапка вклучени во делот на образование на деца, а од друга страна децата се дефинирани како ранлива категорија во поглед на загаден воздух во и вон објектот, спроведувањето на оваа мерка ќе има силна родова и социјална димензија.
Чекор 1 Решение на општина за издвојување на средства.
Чекор 2 Формирање на комисија за избор на објекти за реализација на проектот.
Чекор 3 Избор на објект/и.
Чекор 4 Подготовка на проектна документација и тендерска постапка.
Чекор 5 Изведба на инсталацијата во објектот
▪ број на општински објекти со заменети системи за греење;