Замена на печки на огревно дрво со топлински пумпи
0%
октомври 3, 2025
Оцени ја мерката
Тип
Субвенција
Сектор
Енергија
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
5COPM10PM2TSP
Одговорна институција за спроведување
Одделение за заштита на животната средина

Постоечките печки на огревно дрво кои се користат во Македонија имаат максимален коефициент на полезно дејство од 0,75. Покрај релативно нискиот коефициент на полезно дејство, овие печки создаваат висока концентрација на PM2,5 и PM10 честички. За секој согорен 1 [m3] огревно дрво се добиваат PM2,5 честици со количина 0,00499 [t/m3] и PM10 честици со количина 0,00512 [t/m3].
Согласно последниот попис од 2021 година, во општината регистрирани се 7677 домаќинства кои за греење користат огревно дрво. Од нив, 6260 домаќинства се греат со една печка, односно не поседуваат централно греење во домот. Повеќе од половина од граѓаните на Кавадарци (53%) како примарен енергенс за загревање на домот го користат огревното дрво. 7 од 10 жители на Кавадарци не сметаат дека со начинот на кој го загреваат својот дом придонесуваат кон загадувањето на воздухот во околината во која живеат. 71% од интервјуирани граѓани на Кавадарци истакнале дека не се заинтересирани да го сменат актуелниот начин на загревање на нивниот дом.Вкрстените податоци ни покажуваат дека оние кои не би го менувале постојниот начин на загревање, почесто се греат на огревно дрво. Возрасна група 55+ со ниски примања не размислува за промена на начинот на греење. Најприсутни се оние со најниски месечни примања (11000 денари и помалку, 11001мкд – 14000мкд) и возрасна група 55+. Сепак останатите групи на месечни примања од 14001 до над 60000мкд се изјасниле дека би промениле начин на греење во скала од 2% до 25%.
30% од интервјуираните жители на Кавадарци не се информирани за постоењето на субвенционирана програма за енергетска ефикасност како помош за домаќинствата од страна на општината. (УНДП, 2023). Мерката има двојна функција: намалување на внатрешно и надворешно загадување. Сиромашната популација на ниво на индивидуа и домаќинство се јавува и како најголем емитер а воедно и како најзагрозена категорија граѓани од внатрешно и надворешно загадување. Енергетската сиромаштија
директно се таргетира преку оваа мерка како додадена вредност на истата.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори

Чекор 1
Врз основа на релевантни документи се доставува барање од сектор ЛЕР до Совет
на општина за донесување на одлука/решение на општината за висина на
средствата за субвенција за оваа мерка да се внесе во Буџетот за идната година
(Декември). Одредувањето на висината на субвенцијата треба да биде согласно
висината на примања на домаќинството.
Чекор 2
Одлука на Советот на општина за доделување на финансиски средства за
субвенција и внесување во Буџет за идната година. Воведување посебни
параметри за дефинирање категории ранливи домаќинства дефинирани од
општината. (висина на примања на домаќинство)
Чекор 3
Оформување на комисија од членови од секторите во општината. Дефинирање на
параметри за избор на домаќинство (приходи, социјален статус, број на членови во
домаќинство итн.). Зголемување на видливоста на Конкурсот и обезбедена
поддршка за ранливи категории граѓани за упатување за прибирање соодветна
документација за апликација. Информативна кампања (социјални и други
традиционални медиуми) за објавата и условите на Конкурсот. Информативни
кампањи за штетноста на користење на огревно дрво за загревање и готвење.
Чекор 4 Објавување на конкурс за инвертери и оформување на општинска комисија за
избор.
Чекор 5 Анализа и избор на пријавени домаќинства согласно бараните параметри.
Собирање полово поделени податоци за апликанти и добитници на субвенции.
Чекор 6 Индикатори за мерење: Aнкета пред добивање на субвенција.

Цел
6640 домаќинства кои се греат на печки на дрва
Индикатори за следење на имплементацијата

-број на домаќинства кои добиле субвенција;

- % на жени добитници на субвенција

- % на лица над 55 години добитници на субвенции

- % на социјално ранливи категории добитници на
субвенција

Одговорна институција за следење на имплементација
Одделение за заштита на животната средина
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
долгорочно
Финансии
Буџет
до 25.000 ден/домаќинство 166.000.000 ден. за 6640 домаќинства